Реал Мадрид успеа да направи пресврт на гостувањето во Каталонија и го остави во втор план лошиот почеток на мечот со Џирона, пред се благодарение на невниманието на домашните дефанзивци кои направија два пенали врз Асенсио.
Двете реализации од белата точка му овозможија на Реал да го сврти натпреварот во своја корист, а до крајот стигна и до уверлива победа од 1:4 во меч на кој уште еднаш се заклучи дека Хулен Лопетеги има сосема различен пристап од Зинедин Зидан.
Не станува збор само на поставеноста на играта, туку и на изборот на играчи и замени кои ги прави шпанскиот стручњак, бидејќи изминатава вечер негова прва измена беше еден од најстандардните во последните неколку години, Бразилецот Марсело.
Лопетеги го извади левиот бек во 60-та минута и на неговот место го стави Рафаел Варан, па така Французинот отиде на стоперската позиција, а Начо кој беше стартер ја зазема левата бековска позиција.
По натпреварот, вториот капитен Марсело беше запрашан за овој потег на Лопетеги, а Бразилецот искрено призна дека не му се допаднала многу оваа одлука, иако истата максимално ја почитува.