Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Х.М.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по член 418 Б став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
МВР соопшти дека вчера во 12:00 часот на бул.„Киро Глигоров“, при рутинска контрола, полициски службеници запреле патничко возило ,со скопски регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, а управувано од пријавениот. Притоа, во возилото биле пронајдени три лица мигранти и тоа две машки на возраст од 26 и 28 години и една жена на возраст од 31 година, сите од Иран, кои не поседувале документи.
Пријавениот и мигрантите се лишени од слобода. По наредба на Јавен обвинител, против Х.М. е поднесена пријава.