Сигурно веќе знаете некои бјути трикови со состојки, кои инаку се користат во кујна.
Тоа не е никаква новост, напротив, некои народи уште од постарите времиња употребуваат цимет, куркума и разни други намирници за убавина. Но, овој древен трик кој го користат Јапонките, за побрз раст на косата е поедноставен и поевтин од сите за кои досега сме слушнале. Намирницата која ја употребуваат, сигурно веќе се наоѓа во вашата кујна. Станува збор за ориз, а постапката веќе ја знаете.
Згответе го онака како што секогаш го готвите и слободно изедете го, бидејќи, сѐ што ви е потребно е водата во која сте го готвеле. Откако ќе ја измиете косата со шампон, вмасирајте ја водата од оризот во темето, а потоа нанесете ја и на остатокот од косата. Оставете ја да отстои 10-тина минути, па потоа поминете ја косата со чиста вода. Резултатот сигурно ќе ве воодушеви, бидејќи косата после првото миење ќе ви биде посјајна и помека, а после некое време ќе забележите дека многу брзо ви расте.
Постапката слободно повторете ја секојпат кога готвите ориз, бидејќи во ниту еден случај овој трик не може да ѝ наштети на вашата коса.