Редовниот годишен одмор го продолжува животот

Редовното земање на годишен одмор може да го продолжи животот, а најмалку три седмици одмор имаат благородно дејство за здравјето, покажуваат резултатите од истражување спроведено на еден универзитет кое траеше полни 40 години.

Кај мажите кои годишно земаат помалку одмор, утврдено е дека се соочуваат со ризик за прерана смрт од 37 проценти повеќе, во однос на оние кои користат годишен одмор од четири недели.

Оние пак, кои воопшто не земаат годишен одмор, обично остануваат подолго на работа од останатите и помалку спијат, што остава големи негативни последици по општото здравје.

Истражувањето имаше за цел да ја прикаже важноста, за тоа дека треба годишниот одмор целосно да се искористи, односно сите денови кои се на располагање во текот на една година.

Во Велика Британија, лицата кои работат пет дена во неделата мораат да имаат најмалку 28 дена платен годишен одмор.

Франција има најдарежлив пакет за одмори во Европа. Работниците во оваа земја имаат право на одмор од 30 работни денови годишно, а работат 35 часа неделно, што е всушност најкраткото работно време во Европа.

САД се единствената напредна економија на светот, која на своите работници не им гарантира каков било платен годишен одмор, туку поголемиот дел од компаниите на своите редовни работници обично им даваат 10 дена одмор.

Во споменатото истражување,  учествуваа 1.222 средновековни мажи, родени помеѓу 1919 и 1934 година.

Тие се вклучени во научно истражување од 1974 и 1975 година и се следени во следните 40 години, колку што и траеше ова истражување, за на крај да ги потврди позитивните ефекти кои ги има годишниот одмор по општото здравје на човекот.

Треба да знаете
Последни објави