Протестен марш на ВМРО – ДПМНЕ во недела во Кичево
Во недела (02 септември) во Кичево со почеток од 13 часот, ВМРО – ДПМНЕ организира протестен марш. Како и што најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, тие ќе продолжат со протестите шрум земјата, а овој во Кичево е следен на агендата закажан за овој викенд.
Акцијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Лето за Македонија“ во која веќе се посетени околу 50-тина илјади домаќинства, продолжува и во наредниот месец.