Драма во Охрид: Жена пронајдена мртва попладнево со вреќа на главата
Средовечна жена попладнево околу 17 часот е пронајдена мртва во нејзината семејна куќа во охридското село Велгошти.
Портпаролот на СВР Охрид Стефна Димоски ја потврди информацијата за случајот, со кусо појаснување дека полициски екипи во присуство на јавен обвинител вршат увид на лице место, без притоа да се даде поединости околу идентитетот на лицето ниту за причините за настапувањето на смртта.
Првичните информации укажуваат на убиство оттаму што жената, инаку мајка на две малолетни деца, била пронајдена мртва со најлонска вреќа врз главата.