Ако ве мачи несоница, еве неколку работи кои можете да ги направите за да ја победите.
Ноќниот одмор е приоритет
Потрудете се секогаш, независно од животните околности и обврски, на ноќниот одмор да му одредите незаменливо место. Само ако сте одморени можете на секоја обврска да и пристапите на вистински начин.
Кажете му не на кофеинот
Истражувањата покажаа дека чашка кафе најмалку пет часа по консумирањето дејствува стимулативно. Покрај тоа што кафето е стимулатор, тоа може да предизвика и будење.
Ноќта е за спиење
После семејните обврски, за многумина работата во доцните вечерни часови е единственото преостанато време. Експерти кои се занимаваат со проблеми со спиењето, истакнуваат дека интелектуалната работа за време на вечерните часови го зголемува нивото на адреналин, што може да влијае на спиењето и квалитетот на сонот.
Редовно вежбање
Бројни истражувања покажаа дека лицата кои редовно вежбаат пред да одат на спиење или вежбањето го заменуваат со некоја физичка активност, како прошетка, имаат многу помали проблеми, од оние кои времето пред спиење го поминуваат пред телевизиските екрани.
Спална соба како оаза
Интимноста во спалната соба треба да ви биде еден од императивите. Со секое влегување во спалната соба оставете ги сите секојдневни проблеми пред врата.