Крвава расправија во Куманово: Избоден маж во својот стан
Вчера околу 21,45 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Доне Божинов“ , во станот на Н.Д. (40), додека истиот седел со М.С. (47) и Љ.М.(43) по кратка расправија, Љ.М. најпрво го удрил М.С. со чаша во пределот на главата, а потоа со остар предмет на Н.Д. му нанел две убодни рани во пределот на градите, по што го напуштил местото на настанот.
Н.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, a потоа препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Кај М.С. констатирана е телесна повреда и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.