Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе биде седум.
Во Скопје слично време со температура од 16 до 30 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локален краткотраен дожд, особено во среда.