Легендарниот бразилски напаѓач, Луис Назарио Де Лима Роналдо и официјално е мнозински сопственик на Реал Ваљадолид, клуб кој се натпреварува во најсилната шпанска лига.
Бразилецот за сума од околу 30 милиони евра откупи 51 процент од акциите на клубот и со тоа стана прв човек на Ваљадолид. Во својата прва изјава Роналдо посочи дека ќе се обиде да го издигне клубот едно ниво погоре и наместо борба за опстанок планира да направи стабилен член на Ла Лига со многу поголеми амбиции во иднина.
-Поминав многу фудбалски фази во животот. Фудбалот е моја страст. Се одлучив на овој чекор за да ја задржам таа страст. Имаме можност да ги исполниме нашите цели, а нас целта не ни е само опстанок во лигата туку сакаме да растеме од ден во ден- коментираше Роналдо во првата изјава како сопственик на Ваљадолид.