Обвинетата Јанкуловска во Тенк преку адвокат побарала да не ѝ суди судијката Кацарска

Обвинетата Јанкуловска преку адвокат побарала да не ѝ суди судијката Кацарска

Во кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за издвоената постапка за ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јнакулоска во случајот „Тенк“ на СЈО. Обвинетата преку адвокат побарала да не ѝ суди судијката Добрила Кацарска.

Во барањето за изземање се наведува дека Комисијата за заштита од дискриминација донела мислење дека судијката постапила спротивно на Законот за спречување и заштита од дискриминација и дека ја изложила Јанкулоска на деградирачки однос во областа на пол и политичка припадност и дека ја довела обвинетата во понижувачка состојба.

„Во мислењето на Комисијата се наведува дека судот не ѝ го признал правото на бременост и во период од еден месец закажал осум рочишта во услови кога Гордана Јнакулоска била во 9. месец од бременоста и дека судечкиот совет не ѝ ги признал лекарските потврди кои потврдувале ризична бременост и наредил преглед на Клиниката за гинекологија и акушерство за време на којшто медиумите ја нарушиле нејзината приватност“, се наведува во барањето за изземање.

Во него се додава дека Комисија заклучила дека судот отстапил од вообичаената пракса на закажување рочишта и дека постои дискриминаторско однесување и постапување, што доведува до вознемирување и повреда на достоинството на обвинетата и претставува заканувачка, понижувачка и застрашувачка практика.

Треба да знаете
Последни објави