Груевски разговара со Јанакиески ,,Со Ѕинго сум. Да го вклучиме во кинеските патишта’’
Во еден од необјавените над 300 разговори во случајот ,,Траекторија”, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески разговара со тогашната секретарка на поранешниот премиер Никола Груевски.
,,Тие што се одбиени да не ги примаме. Зошто да ги примиме во оваа фаза”, и’ вели Јанакиески на секретарката на Груевски. Таа му објаснува дека станува збор за кинеска фирма која барала средба кај тогашниот премиер. По изведувањето на бомбите, ќе се читаат другте материјални докази.
Во друг разговор, Груевски разговара со Јанакиески и му вели: ,,Миле, со Ѕинго сум. Да го вклучиме во кинеските патишта кога ќе дојде време”, на што Јанакиески му потврдува.