Оваа техника во неколку чекори, веќе со децении ја користат американските војници, а стручњаците велат дека со нејзина помош ќе заспиете за само две минути.
Техниката ја смислиле тим воени доктори во обид да ја намалат можноста за грешки кај изморените војници, а посебно кај пилотите.
Несоницата е чест проблем, а хроничниот замор може да доведе до дијабетес, болести на срцето, мозочен удар и други опасни заболувања.
Еве како да ја примените оваа техника.
Опуштање
Најпрво, опуштете ги мускулите на лицето. Сконцентрирајте се на опуштање на образите, грлото, мускулите околу очите. Спуштете ги рамената колку повеќе можете и полека опуштете ја едната, па другата рака.
Дишење
Откако ќе се опуштите и смирите, дишете полека и рамномерно, опуштајќи ги мускулите на градите. Потоа, фокусирајте се на релаксација на нозете – почнете од бутовите и задникот и завршете со стапалата. Десет секунди целосно препуштете се на чувството на опуштеност.
Прочистување на мислите
Стручњаците предлагаат три примери на техники на визуелизација.
Замислите дека лежите во чамец на мирно езеро, а над вас се наоѓа само бескрајно сино небо.
Замислете дека лежите во мека, црна лежалка во соба која е целосно темна.
Обидете се во период од десет секунди да не мислите на ништо. Доколку е потребно, дополнително избистрете го умот така што ќе повторувате „не мисли, не мисли, не мисли”.
Вежбајте ја оваа техника и набрзо ќе забележите голема разлика – брзо ќе се опуштите и ќе потонете во сон за две минути.