Поднесена е кривична пријава против 45-годишен скопјанец осомничен дека извршил две кражби со што се стекнал со противправна имотна корист од 190 илјади денари.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека двете кражби ги извршил на идентичен начин, искористувајќи го отсуството и невниманието на ограбените при што од две возила одземал чанта и паричник и со мотоцикл избегал.
Кривичните дела се извршени на 17 август годинава, во периодот од 10:50 до 11:10 часот на улица „15-ти Корпус“ во Скопје. Во првиот случај од товарно моторно возило одзел чанта во која имало паричник со лични документи, 300 евра и околу 6.000 денари. Второто кривично дело го извршил кога од патничко возило „мазда“ одзел паричник со лични документи, околу 400 долари, 450 евра, 30 швајцарски франци, 350 албански леки и 58.000 денари.
Скопјанецот е фатен од полицијата на 30 август.