Владата донесе одлука по повод 8 септември – Денот на независност на Република Македонија, в сабота да организира прослава на платото пред зградата на Владата.
Како што се наведува во соопштението на прославата ќе има пригодна културно – уметничка програма.
Во сабота во земјава ќе пристигне и германската канцеларка Анѓела Меркел, но дали таа ќе присуствува на прославата и дали ќе испрати некои пораки директно до присутните граѓани од Владата не кажуваат.
 
				 
													



 
													 
													