Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората откри дека имал намера ова лето да го напушти Челси, меѓутоа вели дека сега работите за него се многу подобри.
„Се преселив во Челси за да играм на Светското првенство, но јас не играв во Русија. Изминатиот период не беше среќен за мене, тоа беше вистинска катастрофа. Излегував на теренот и не знаев каде се наоѓам“, изјави Алваро Мората.
Меѓутоа, напаѓачот на лондонски Челси сега вели дека работите се многу подобри за него и е многу посреќен човек.
„Станав татко, имам нов менаџер, се вратив во екипата. Многу важни работи се променија во мојот живот, пред се моите синови кои што се мојата посебна мотивација. Се надевам дека се ќе биде добро на теренот“, изјави Алваро Мората.