Во жалбата на експремиерот Никола Грувески, полна со цитати од пресуди на Европскиот суд за човекови права, се наведува дека не може да биде осуден само врз основа на бомбите бидејќи, како што навел, тоа се незаконски обезбедени докази со кои му се прекршени човековите права.
Груевски навел дека бомбите се копија, а не оригинални докази и дека не било дозволено утврдување на автентичноста на бомбите. Груевски во жалбата до Апелацискиот суд пишува дека СЈО ги селектирало само оние бомби кои ним им одат во прилог, а до него лично како обвинет не биле доставени бомбите како доказ. Се жали и на вештачењата на ЕОС што ги нарача СЈО.
Денеска е последниот ден Апелацискиот суд да одлучи по жалбата на поранешниот премиер Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
За случајот „Тенк“, Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден на шест години и шест месеци затвор.