Мнозинство од граѓаните – 57,8% ќе излезат на референдумот
Речиси 58 проценти од граѓаните ќе гласаат на референдумот за името. Ова го покажа новата анкета што за Телма и МЦМС во соработка со Инситутот за демократија – Социетас цивилис, ја спроведе М Проспект. Истражувањето е спроведено теренски во период од 07 до 25 август 2018, на национално репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.
Наспроти 57,8 отсто кои се изјасниле дека ќе излезат на гласање, една третина – 28,8% рекле дека нема да излезат на гласање, 11,2% – не знаат и 2,2% одбиле да одговорат. Од оние кои ќе излезат на референдумот дури 70,8 % одговориле дека ќе гласаат „за“; 14,8 % „против“; 10,9% се уште не се определиле; 3,5% одбиле да одговорат.
Анкетата правена врз примерок на испитаници кој е повеќестепен стратификуван, репрезентативен според регион, пол, возраст, етничка припадност и место на живеење, покажа дека 52,4% од Македонците и големо мнозинство етнички Албанци 70,6% се определени да излезат на гласање. Од Македонците „за“ ќе гласаат 61,7% и од етничките Албанци – 88,8%.
Анкетираните се полнолетни лица, граѓани на Македонија и сите резултати се урамнотежени според официјални демографски статистички податоци од Државниот завод за статистика и Проценките за Население за 2017 година. Анкетата кој е спроведена на македонски и албански јазик исто така го покаѓува и рапсоложението за референдумот по паертиска определба. Таа покажа очекувано големо мнозинство на референдум да излезат симпатизерите на СДСМ 93,8% и на ДУИ 78,3, додека интересни се бројките за приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ. Во опозицискиот табор мнозински е ставот да не се излезе на референдумот – 57,7%, додека 29,8% од симпатизарите на опозициската партија сепак би излегле да гласаат.
Клучната причина поради која оние кои на референдумот ќе гласате „за“ ја навеле дека Договорот ќе помогне за влез во ЕУ и НАТО – 62,3%. За 26,7% причина е дека Договорот е добро решение на долгогодишниот спор, а 5,2 отсто рекле дека немаме друг избор.
Сите резултати во анкетата се подложни на статистичка грешка од ±3,1% со прифатливо ниво доверба: 95,0%.
Извор: Телма