Дожд и северен време за време на викендот, со температури до 34 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со умерен, а од недела повремено зсилен северен ветер. Во попладневните часови не е исклучено да има локален краткотраен дожд, повеќе во планинските региони. Во сабота попладне ќе има повеќе услови за локален пороен дожд со грмежи.
Утринските температури ќе се движат утре од осум до 18 степени, во сабота од 10 до 19, во недела од 11 до 20, во понеделник од 10 до 19, во вторник од девет до 18 и во среда од осум до 17 степени.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 утре, во сабота од 27 до 34, во недела од 25 до 33, во понеделник од 24 до 32, во вторник од 25 до 32 и во среда од 26 до 33 степени.