Љубовни проблеми кои не треба да ги решавате преку пораки

Некогаш решавањето на проблеми преку пораки, наместо во живо ни изгледа многу полесно. Но, ако гледате долгорочно, разговорот во четири очи е многу поефективна и подобра опција.

Ова се некои од ситуациите кои никогаш не би требало да ги решаваме преку пораки.

Извинување

Особено ако сте направиле нешто кое бара малку подлабоко извинување, не го правете тоа преку пораки или социјални мрежи. Договорете состанок и решето го тоа во живо, за вашиот партнер да сфати колку вас навистина ви е жал за тоа што сте го направиле.

Важни информации

Без разлика дали се работи за нешто позитивно или негативно, не правете го тоа преку пораки. Мислете на реакцијата на другата личност и колку неа ѝ е важно да разговарате во живо за тоа.

Тајни

Никогаш не знаете кој може да ја види таа порака. Никако не оставајте пишана трага од нешто што не сакате никако да се прошири насекаде.

Жалби

Ако ве изнервирала некоја постапка на партнерот, не го напаѓајте преку пораки. Седнете, добро размислете што сакате да му кажете и почекајте да се видите со него.

Навреди

Навредите се нешто што воглавно го кажуваме во афект и многу често се каеме или барем мислиме дека не требало да бидеме толку груби. А никогаш не е пријатно кога тоа можете повторно да го прочитате, особено ако после тоа се смирите и го изгладите односот.

Треба да знаете
Последни објави