Како може да се смеете,а сте обвинет за тешко кривично дело,рече судијката

Судијката Добрила Кацарска го искара обвинетиот Борис Дамовски дека се однесува непримерно во судницата за судењето за 27 април.

„А вие господине Дамовски, обвинет сте за така тешко кривично дело, не знам како може да се смеете”, му рече судијката Кацарска на обвинетиот.

Во судницата покрај сведочењето на Никола Тодоров, денеска треба да сведочат премиерот Зоран Заев, пратеникот Весел Мемеди и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Вчера пред судот сведочеа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и пратеникот Мухамед Зеќири.

Треба да знаете
Последни објави