Пукање во полициската станица Драчево
Вчера во 18:55 часот во ходникот во Полициска станица Драчево од страна на приправник за полицаец, кој се упатил кон магацинот да го остави оружјето, биле испукани неколку куршуми на ѕидот, при што нема повредени лица.
За настанот известен е ОЈО Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.