Како членка на кралското семејство, Меган Маркл мора да се придржува до голем број правила. Тука се оние веќе познатите кои велат дека не смее да носи лак за нокти или облека со голи рамена (кои неколкупати ги прекрши), но постојат и онакви за кои многу малку се зборува.
Се проценува дека нејзината колекција од накит е вредна повеќе од милион евра, но Меган не смее да одлучи самата што и кога ќе носи.
Грант Херолд, кралскиот батлер, тврди дека постојат парчиња накит кои смеат да се носат само по 18:00 часот, дури и ако сте принцеза. Се работи за тијари резервирани само за жени во брак, но и тие смеат да ги носат само навечер. Единствениот исклучок е Меган Маркл, која смееше да носи тијара на денот на венчавката со принцот Хари.
Пред да бидат венчани со член од кралското семејство, ниту Кејт Мидлтон, ниту Меган Маркл не смееја да носат тијари во јавност.
„Тоа е знак на статусот и показател дека повеќе не барате маж. Со тоа им давате знак на мажите дека не смеат да ви се додворуваат“, вели Грант.
Спротивно на верувањата, и двете смеат да носат дијаманти во текот на денот, но сепак почесто ги носат на раскошни вечерни настани.