Повеќе од еден милион Европејци преку онлајн анкета се изјасниле дека не се за да се менува времето, односно повеќе да нема летно и зимско сметање на времето во Европа.
Европската онлајн анкета за евентуално укинување на практиката на поместување на стрелките на часовникот нанапред, во текот на летното сметање на времето, предизвика голем интерес. Дали промената на сметањето на времето ќе се случи уште оваа есен, ќе се знае наскоро и ќе зависи од одлуката на Европскиот парламент каде што и беше покренато прашањето за укунување на директивата на Европска комисија за поместување на стрелките на часовникот двапати годишно.
Според претставници на ЕУ, во момонтов се на средина на испитувањето, а само во првите три дена се регистрирале повеќе од 500.000 лица. Оваа анкета се смета за најобемна во историјата на ЕУ
Социолошкото испитување, кое почна во јули, а ќе трае до 16 август, ги прашува европските граѓани дали претпочитаат укинување на летното сметање на времето и дали преферираат лето или зима за менување на времето.
Врз основа на резултатите, но и наодите од другите анкети, ЕК сака да донесе одлука за предлогот за укинување летното сметање на времето.
Европскиот парламент, како и неколку земји членки, ја замолија Комисијата да ја преиспита сегашната практика за поместување на стрелките на часовниците на пролет и на есен, и да процени дали таа треба да биде променета.
Неофицијално повеќе од 80% од луѓето се за укинување на зимското сметање на времето. И претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека ЕУ планира да го укине преминувањето од летно на зимско сметање на времето. Ова следува откако анкета во ЕУ покажала дека повеќето луѓе се за укинување на промената.
Ако преовлада мислењето на мнозинството, предлогот ќе биде упатен до Европската комисија, највисокото извршно тело на ЕУ, која треба да се согласи со мерката и да предложи закон за укинување на мерката за заштеда на време. Европскиот парламент и 28 земји-членки на Унијата, исто така, ќе треба да ја одобрат мерката.
Ако така одлучи ЕУ, Македонија иако се уште не е земја на ЕУ, како кандидат за влез во Унијата исто така ќе го укине зимското сметање на времето.
Од Македонската Владата сметаат дека така е логично, бидејќи укинувањето на летното и зимското сметање на времето во Македонија би било дел од интегративните
процеси на земјава во приближувањето на целокупното законодавство кон европското
За нив стратешки интерес на РМ е членство во ЕУ, така што во рамките на интегративните процеси ќе се прави усогласување со сите активности и одлуки кои ќе бидат донесени од земјите членки на ЕУ во претстојниот период.
Македонските бизнисмени сметаат дека и ние треба да ја следиме ЕУ
Македонските бизнисмени веќе повеќе пати досега се изјаснија дека е логично одлуката да се примени и кај нас зашто ЕУ е нашиот најголем трговски партнер и над 70 отсто од извозот е насочен на европскиот пазар. Од најголемата комора во земјава, Стопанска комора на Македонија потенцираат дека ако ЕУ го укине досегашното сметање на времето тогаш би требало да се размислува во тој правец и кај нас.