Едноставен, а совршен десерт!
Состојки:
3 јајца
1 полна лажица мед
100 гр суво грозје
100 гр шеќер
100 гр пченкарно брашно
1 прашок за печиво
1 поголемо јаболко
1 кесичка ванилин шеќер
мала коцка путер
кора од лимон и портокал
Начин на подготовка:
Разматете јајца па додајте ги сите состојки, добро измешајте и ставете во намастен плех.
Печете на 200 степени околу 35 минути. Изладеното тесто исечете го, послужете и уживајте!