Кривичниот суд и обвинителите од СЈО го видоа автомобилот „омега“ од случајот Монструм
Судии од Кривичниот суд и обвинителите на СЈО денеска направија увид на возило за кое се смета дека било употребено за бегство на осомничените по убиството на четрите момчиња и рибарот на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро, но не можат да влезат внатре бидеји истиот е заклучен.
Возилото „опел омега“, кое е дел од доказен материјал за случајот „Монструм“ се наоѓа во депото на Агенцијата за управување со запленет имот.
Се работи за повторена постапка, откако Врховниот суд „Монструм“ го врати на повторно судење, токму поради тоа што само МВР ги имаше видено автомобилот, а на странките во постапката им подели само фотографии. Пресудите за сите шестмина обвинети беа доживотен затвор.
Фото – Фокус