Некогашниот љубовник на принцезата Дајана, Оливер Хоар почина на 73-годишна возраст во Франција, после долгогодишната борба со тешка болест.
Хоар бил трговец со уметнички дела и инаку долгогодишен пријател со принцот Чарлс, како и опсесија и голема љубов на починатата поранешна британска прицеза Дајана.
Како што се шпекулира, Дајана и Оливер започнале со аферата после смртта на таткото на Дајана, Ерл Спенсер во 1992-ра година.
Нивната афера завршила кога неговата сопруга му се заканила со развод, а од обезбедувањето го пронашле Оливер, како полугол се крие зад едно дрво на имотот и пуши цигара. Дајана ѝ кажала на една своја пријателка дека нејзин животен сон е заедно со него да побегнат од се, да заминат во Италија и да уживаат во животот.
Како што пренесуваат британските медиуми, Дајана по завршувањето на нивната врска, го вознемирувала со повици и почнала да го прогонува. Неговата сопруга се јавила во полиција затоа што деноноќно им ѕвонел телефонот и тогаш било откриено дека повеќе од 300 повици биле направени од домот на Дајана. Набрзо потоа, од полицијата соопштиле дека истрагата е прекината по барање на Хоар.