Инцидент на белградскиот аеродром, откажани сите летови
Аеродромот ,,Никола Тесла” во Белград е привремено затворен за полетување и слетување поради технички проблеми на авион на египетската авиокомпанија.
Во соопштението на аеродромот се наведува дека авионот Боинг 737-800 на египетската компанија ,,Egypt Air”, кој без патници слетал во 4.11 часот на белградскиот аеродром, останал на пистата поради технички проблеми.
Дежурните екипи на белградскиот аеродром реагирале според утврдените процедури.