Мартин Протоѓер не дојде на денешното рочиште за предметот “Титаник”.
Неговиот адвокат, Донче Наков вчера до судот доставил поднесок со медицинска документација дека е спречен 7 дена да дојде на судење. Адвокатот рече дека од сопругата на Протоѓер дознал дека вчера бил рано наутро пренесен на ургентниот клинички центар.
Обвинителката Лиле Стефанова рече дека нема против одлагањето зашто е доставена уредна документација.
Следното рочиште е закажано за 24 септември кога треба да се преслушаат останатите бомби.