Керим по распитот во СЈО: „Ќe кажеме сè кога ќе дојде време”

Заврши распитот на управителот на  (МПМ), Срѓан Керим во специјалното јавно обвинителство, каде се задржа околу половина час. Тој по излегувањето не сакаше да открие зошто бил повикан.

,,Ќе кажеме се кога ќе дојде време”, рече кусо Керим.

Претходно на распит во обвинотелството беше и директорката на МПМ, Јана Станисављева. И таа си замина од специјалното обвинителство по половина час. Не сакаше да каже за што е повикана за даде исказ.

Неофицијално двајцата се сомничат за лажен стечај, за злоупотреби на средства на доверители поврзани со работата на МПМ, како и за злоупотреба на службена положба. И двајцата ги застапува адвокатот Антонио Апостолски.

СЈО води истрага за финансиски злоупотреби во компанијата на тогашните први луѓе, во чија сопственост беа весниците „Дневник“,„Вест“ и „Утрински весник“.

Треба да знаете
Последни објави