Атанасов за 27 април: Целта беше онеспособување и ликвидација на Заев
Заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов, сведочеше на денешното рочиште за случајот на 27 април, и истакна дека толпата била насочена кон премиерот Зоран Заев.
„Јасно беше дека целта е премиерот Заев. Тие по влегувањето во Собранието прашуваа каде е Заев“, рече Атанасов.
Тој истакна дека неколку недели пред настанот, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсте Муковски неколку пати им се заканувал на пратениците на СДСМ.