Заев од ЕП во Стразбур: Ја чувствувам европска Македонија

Заев од ЕП во Стразбур: Ја чувствувам европска Македонија

Силната прогресивна ориентација и желбата да се биде дел од европското семејство, граѓаните ќе ја покажат на референдумот на 30ти септември. Премиерот Заев во своето обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур рече дека Македонија е пред историска шанса и изрази уверување дека граѓаните ќе го препознаат тоа.

Премиерот пред европатениците рече дека договорот со Грција е вистински пример за силната верба во европската унија и порача дека истата форма може да се користи и во други ситуации кога се решаваат, како што рече, прашања со идентитетски карактер.  Заев во своето обраќање неколку пати му се заблагодари на грчкиот премиер за конструктивноста во преговорите кои довеле до Договор кој според шефот на македонската влада ќе овозможи признаен македонски народ и македонски јазик

Заев ги уверуваше пратнеиците во европскиот парламент дека Македонија прави се за да ги достигне стандардите на Европската Унија и изрази надеж дека официјален Брисел ќе продолжи со силната поддршка особено во периодот кој следи и за кој премиерот вели дека е клучен за Македонија.

Говорот на премиерот Заев во неколку наврати беше прекинат со аплаузи од дел од присутните европратеници, а истовремено грчките медиуми јавуваат дека грчки претставници во парламентот во знак на револт ја напуштиле салата.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/685477735164178/UzpfSTE0Nzk4MTc1ODU5NDM1NzoxOTYwOTUzOTIzOTYzNzg5/

 

Треба да знаете
Последни објави