Иванов и порачал на Могерини: ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор
Претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини го повторил својот став дека ги поддржува евроатланските интеграции на Македонија, но дека „ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат“.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, порачал дека „стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ“.
– Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската унија и во НАТО. Но, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат, рекол Иванов на средбата со Могерини.