ИФИМЕС Анкета: 83 проценти од македонските граѓани се за прием на земјата во ЕУ
Словенечкиот институт за средноевропски и Балкански студии , ИФИМЕС, излезе со најнова анкета за Македонија.
Со реферндумот на 30 септември ќе се консолидира македонската државност , се наведува во извештајот во кој се вели и дека Македонија за тоа ја има безрезервната меѓународна поддршка.
Институтот ја изработил анкетата од 1 до десетти септември на 1218 испитаници . Анкетатата е теренаска со точнос од +/- 3 проценти . Анкетата е направена низ целата земја , во сите шест изборни единици.
Над 83 проценти од македонските граѓани се за прием на земјата во ЕУ . 83,2 се изјасниле позитивно , 6,9 биле против и 9,9 биле неопределени.
За влез во НАТО позитивно се определиле 78,4 проценти од анкетираните , против биле 9,3 , а не се изјасниле 12 ,3 порценти .
На прашањето дали се за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот постигнат со Грција на 17 јуни , 67,3 проценти од анкетираните дале позитивен одговор , наспроти 16,4 проценти со негативен одгворо и 10,3 проценти биле неопределени.
На прашањето дали ќе излезете на референдумското изјаснување на 30 –ти септември , 63,6 проценти се изјасниле позитивно , 17,4 рекле дека нема да излезат и 19 проценти биле воздржани .
Институтот ИФИМЕС ги анкетирал и македонските граѓани по однос на новниот став за работата на претседателот Ѓорѓе Иванов. Позитивно се изјасниле 9,4 проценти од испитаниците, негативно 74,2 и воздржани биле 16,4 проценти од анкетираните.
Во врска со работата на СЈО , предводено од обвинителката Катица Јанева , позитивно се изјасниле 79,2 проценти од анкетираните граѓани , негативно 14,4 проценти и воздржани биле 6,4 проценти од испитаниците.