Роналдо двоен стрелец во победата на Јувентус

Кристијано Роналдо го постигна првиот гол во официјален натпревар за Јувентус, а веднаш потоа погоди уште еднаш, што се покажа како одлучувачки гол во триумфот на неговиот тим со резултат од 2:1 над Сасуоло.

 

Со 28-от шут кон противничкиот гол во новата сезона, Роналдо успеа да го „скрши мразот“ и да постигне гол во натпревар од Серија А.

Откако во првото полувреме немаше голови на натпреварот Јувентус – Сасуоло, во второто полувреме на сцената стапи Кристијано Роналдо и најпрво во 50-тата минута го постигна првиот гол за него во новата сезона. Во 65-тата минута тој зголеми на 2:0 и ја постави контролата над мечот.

Во првата минута од судиското продолжение напаѓачот на Сасуоло, Кума Бабакар, постигна гол со кој го намали водството на 2:1, а страстите се вжештија веднаш потоа, кога Даглас Коста доби црвен картон затоа што плукна кон еден од играчите на Сасуоло.

Сепак, Јувентус го задржа водството и ги зема трите бода, со што го одржа совршениот старт на сезоната. Со 12 бода, тие се на врвот на табелата по 4 одиграни кола, а зад нив е Наполи со 9 бода.
Треба да знаете
Последни објави