Баба, дедо и внуче прегазени на пешачки во Скопје, детето извадено од под автомобилот
Тешка сообраќајка се случи вечерва на булевар Србија во населбата Ново Лисиче во Скопје. Пикап со велешки таблички удрил во баба, дедо и тригодишно дете кои оделе пешки, пишуваат жителите на оваа скопската населба на социјалните мрежи.
По несреќата бабата и детето веднаш се пренесени во Ургентниот центар каде лекарите се борат за нивниот живот.