Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско го осуди сексуалното злоставување деца од страна на свештеници, како и прикривањето на овој криминал и побара одговорните да бидат казнети.
Папата Франциско побара прошка за болката на жртвите и оцени дека католиците треба да бидат вклучени во напорите за искоренување на сексуалното злоставување во Црквата..
Папата ја осуди свештеничката култура свртена кон себе, што резултира со злоупотреба и поголема загриженост меѓу црковните водачи за сопствената репутација отколку за безбедноста на децата.
„Ние не покажавме загриженост за најмладите, ги оставивме“, оцени папата Франциско.