Саботажата со австралиските јагоди кои содржат игли за шиење може да се спореди со терористички чин, рече премиерот Скот Морисон во врска со аферата што предизвика паника во Австралија.
Морисон ги повика Австралијците да прават колачи од јагоди за да им помогнат на засегнатите одгледувачи. Побара и заострување на легислативата со цел на одговорните за контаминација на храна да може да им се изрекуваат казни и до 15 години затвор.
Дваесетина јагоди во кои имало ставено игли за шиење беа откриени ширум Австралија, што предизвикува паника кај населението. Некои супермаркети одлучија да ги повлечат јагодите од полиците.
„Овој тип криминал може да се спореди со поседување педофилски фотографии или финансирање тероризам. Ја сфаќам оваа афера премногу сериозно“, рече шефот на владата.
„Продолжете да купувате јагоди како порано, но преземете мерки на претпазливост“, им предложи тој на граѓаните.
Полицијата сè уште трага по сторителите. Министерот за здравство, Грег Хант, во понеделникот рече дека наредил истрага на органите за квалитет на храната, кои треба да ги испитаат инцидентите пријавени во шест од осум австралиски држави и територии.