Пепиќ падна во судница интервенираше Брза помош, рочиштето продолжува во петок
Прекина денешното рочиште за случајот 27 април.. Обвинетиот Мунир Пепиќ падна во безсознание пред исказот на сведокот Курто Дудуш.. Интервенираше итната медицинска помош па по кратката пауза судијата Кацарска информираше дека расправата ќе прекине оти Пепиќ мора да го прегледа лекар интернист..
Прв на денешното рочиште сведочеше надлежниот за управување со електронскиот систем за гласање во законодавниот дом.. Според Сашко Коцевски, по завршувањето на седницата во 18 часот, од пратениците околу него слушнал како се говорело дека не треба да се дозволи гласање ако СДСМ се обиде да избере претседател.. Коцевски додаде оти добил наредба од полицаец да го исклучи собранискиот систем за гласање што претходно не било пракса..
Пред судот сведочеше и пратеникот Ферид Мухиќ.. Тој се сомнева дека Случувањата на 27 април лани се управувале од внатре во собранието.. во својот исказ пред судот рече дека по влегувањето на толпата во прес салата заминал во галеријата на салата четири каде слушал гласови на луѓе кои доааѓаат со извештај за тоа што се случува во прес центарот..
Адвокатот Антонио Апостолки на денешното рочиште побара изземање на судијата Добрила Кацарск.. Образложи дека таа е во роднински врски со оштетен во постапката.. Ваквото барање го отфрли претседателот на кривичен а во образложувањето на одлуката, Кацарска наведе дека во оваа фаза на постапката, сите се сослушуваат како сведоци а не оштетени.. Судењето треба да продолжи во петок со сослушување на шест сведоци..