Пристигна во моментов специјализираната екипа на АРМ кај Скопјанка
Повеќе од 4 часа станарите од еден од влезовите на станбено-деловниот компелкс „Скопјанка” во населбата Аеродром сѐ уште се на улица и чекаат надлежните да им дозволат да се вратат во домовите.
Пристигна во моментов специјализираната екипа на АРМ.
Жителите бea извлекувани од нивните домови со помош на полицајци и пожарникари со гас маски. Непријатната миризба била почувствувана и од жители во други згради во населбата.
Тука беше присутен и градоначалникот Петре Шилегов кој рече дека сите надлежни органи од градот се тука.