Големи возбудувања донесоа вчерашните мечеви од групите Е, Ф, Г и Х со кои беше затворено првото коло во Лигата на шампионите.
Најпријатното изненадување го направи францускиот прволигаш Лион кој како гостин триумфираше над англискиот шампион Манчестер Сити со 2-1. Гостите во првиот дел дојдоа до убедливо водство од 2-0 со погодоците на Корне и Фекир, предизвик на кој „граѓаните“ не успеаја да одговорат во продолжението или поточно само еднаш го најдоа патот до мрежата на Лопез преку Силва во 67 минута.
Реал Мадрид во групата Г и одржа лекција на Рома на „Сантијаго Бернабеу“. Европскиот шампион доминираше на теренот, а таа своја игра ја круниса со погодоци на Иско, Бејл и Маријано.
Во Шпанија пак се одигра и средбата меѓу Валенсија и Јувентус која заврши во полза на италијанскиот првак со 2-0. Меѓутоа пред Пјаниќ да ги искористи двата удари од 11 метри во 45 и 51 минута гостите од Торино останаа без својата прва ѕвезда Роналдо кој доби директен црвен картон по половина час игра.
Од вечерашните средби да се издвои и триумфот на Јунајтед кај Јанг Бојс од 3-0, средба на која Погба блескаше со два гола и асистенција, а во листата на стрелци се запиша и Марсијал.
На останатите дуели беа поставени следниве резултати:
Бенфика-Баерн М 0-2
Плзен-ЦСКА М 2-2