Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин денеска престојува во официјална посета на Република Македонија.
Фон дер Лаин изутринава беше пречекана со државни и воени почести пред Министерството за одбрана, по што замина на тет-а-тет средба со министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска. Предвидени се и разговори на двете делегации, како и изјавите за медиумите.
Министерките Шекеринска и Фон дер Лаин денеска ќе учествуваат и на панел-дискусија во организација на фондацијата Конрад Аденауер, на тема „Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“.