Две лица биле во возилото во кое биле испукани триесетина куршуми од друго возило без регистарски таблички. Едното лице е во болница и е надвор од животна опасност, а второто било пуштено на домашно лекување. Се претпоставува дека се работи за крвна одмазда.
Вчера на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Ченто во возило „мерцедес-бенц“ биле испукани триесетина куршуми од полуавтоматско оружје. „Мерцедесот“ бил и буквално изрешетан од страна и од напред, но двете лица кои биле внатре поминале без посериозни повреди.
Двете лица во возилото од кое било пукано веднаш избегале. Во текот на денот се очекуваат и официјални информации од МВР.