Колку сме постари толку потешко ги поднесуваме симптомите на мамурлакот. За да закрепнеме побрзо треба да избегнуваме тешка храна и порано да си легнеме. Но, како е најдобро да го спречиме мамурлакот?
Овие ефикасни совети ќе ви помогнат во тоа:
1. Редовно вежбајте
Редовните физички активности помагаат што помалку да ги почувствувате негативните ефекти од алкохолот. Досегашните истражувања покажале дека активностите како брзото одење или трчање стимулираат создавање на нови клетки во мозокот и повторно ја воспоставуваат нормалната работа на телото.
2. Јадете пред да излезете
Ако добро се најадете пред да излезете раобтата на желудникот ќе биде нормална и ќе ја намали апсорбцијата на алкохолот. Полниот стомак ќе спречи брзо да се опијаните па ќе бидете рационилани во носењето одлуки за тоа дали сакате утредента да се разбудите со главоболка.
3. Некои пијалаци побрзо предизвикуваат мамурлак од другите
Постојат пијалаци кои побрзо ќе доведат до мамурлак од некои други. Станува збор за нечистотии во алкохолот кои се појавуваат во текот на ферментација и телото се бори за да ги прифати.
4. Чаша алкохол, чаша вода
Обидете се покрај секој алкохолен пијалак да нарачате и чаша вода која ќе ја пиете паралелно со алкохолот.
5. Вода пред спиење
Ако сепак сте претерале со алкохолот и не се сеќавате дачи сте пиеле вода со секоја чаша алкохол тогаш напијте се вода пред да си легнете.