Јанчев за Отворено: Договорот со Грција не е добар, но никогаш нема да добиеме подобар!
Иако смета дока договорот со Грција не оди во прилог на граѓаните, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во емисијата Отворено, вели дека Македонија подобар договор не можела да добие. Иако проблем ќе биде промената на личните документи, спак за граѓаните придобивките се големи, доколку станеме член на НАТО.
Јанчев нагласи дека секој граѓанин треба да гласи по сопствено убедување и дека тој како градоначалник нема да укажува што и како треба да се прави, туку ги кажува штетните и позитивни последици од договорот.