Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера на територијата на град Скопје, се случиле две сообраќајни несреќи во кои биле прегазени пешаци, кои за среќа, минале само со повреди.
Првата несреќа се случила во 7:40 часот на улицата „Скупи“ кога товорно возило марка „Пежо 206“ управувано од 50-годишниот М.Т од Скопје, удрило во 35-годишниот Н.М. од село Радуша. Н.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“.
Втората несреќа се случила во Кисела Вода на потегот помеѓу крстосниците „Народни Херои“ и „Христо Татарчев“. Патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот В.А. од Скопје, удрило во 66-годишниот Б.П. од Скопје. Пешакот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што му била укажана лекарска помош.