Луѓето трепкаат отприлика на секои пет секунди за да остане окото влажно и секој пат кога ќе трепнеме, за дел од секунда ни се смрачува пред очи. Но, без разлика на тоа нашиот мозок продолжува да го процесуира тоа што го гледа.
Научниците конечно ја решија мистеријата во врска со тоа зошто немаме прекин во сликата секој пат кога ќе трепнеме.
Мозокот го памети тоа што сме го виделе непосредно пред да трепнеме и со таа слика ја пополнува празнината, создавајќи илузија на континуитет. Регијата одговорна за ова е онаа што е задолжена за краткорочно паметење и ни овозможува да задржиме јасна свест за тоа што нè опкружува, без разлика на редовните прекини предизивкани со трепкањето.
Истражување покажува дека медијалниот префронтлаен кортекс е одговорен за подесување на моменталните визуелни информации во однос на претходно примените.
Токму тоа ни овозможува светот да го доживееме постабилни дури и кога на кратко ќе ги затвориме очите за да трепнеме.
Меѓународниот тим научници до ова откритие дошле откако ја следеле работата на мозокот на пациенти кои имаат епилепсија. Додека испитаниците обавувале различни задачи, бележена е активност во префронтланиот кортекс за да се утврди на кој начин оваа зона на мозокот учествува во одлучувањето.