Тројца скопјани вчера пријавиле во полиција дека биле искасани од кучиња скитници, на три различни локации во градот.
Според информациите на МВР, ноќеска Н.К. (22) од Скопје пријавил во полиција дека вчера околу 23.30 часот на улица Пролет бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
Исто така, и М.В.(54) од Скопје пријавил дека вчера околу 18.50 часот на улица Пехчевска бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на десната подколеница.
И педесет и осумгодишнниот Д.К. вчера пријавил дека во саботата во 20 часот бил каснат од куче на улицата Благоја Стевковски.