Во полициска акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, синоќа во периодот од 22:00 часот до 01:00 часот по полноќ биле затекнати шест женски лица (три од Република Србија и три македонски државјанки).
Српските државјанки (две на возраст од 21 и една 26 години ) биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.
МВР денеска соопшти дека полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, сопственост на 28-годишен жител од тетовското село Боговињ