Пешак почина по страшна сообраќајка која вчера се случи на улица „Македонско Косовска бригада“, кога патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски ознаки управувано од 63-годишниот Б.М. од Скопје удрило во него.
Се работи за 83-годишниот Р.З. од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде во 13,30 часот од страна на лекар констатирана била смрт.
Извршен е увид на местото на настанот.